Почитувани претставници на граѓанските организации,
Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ организира секторски консултации со цел на структуриран начин да се дадат препораки од граѓанските организации во однос на последниот извештај за 2021 на ЕК. Консултациите се однесуваат на напредокот на РСМ за следниве сектори:
- Образование социјална политика и вработување
- Животна средина и климатски промени
- Земјоделство и рурален развој.
Предвидено е нашите среднорочни препораки да дадат придонес кон ревидирањето на планот Европа дома.
Затоа ве каниме да земете учество во секторските консултации што ќе се одржат онлајн на 25ти јануари (вторник) од 12.30 до 14.30. Поканата упатена до вас се однесува на вашето учество во рамки на Групата 2: Животна средина и климатски промени. Ве молам вашето учество да го потврдите до 21 јануари (петок) до 12 часот на Dimitar.nikolovski@eurothink.mk .
