zelenivesti@zelenivesti.mk
ул. Перо Наков бб
logo

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

слика за објава 6
Покана – Работилница за идентификување на успешни практики и канали за климатска акција
Home » Uncategorized  »  Покана – Работилница за идентификување на успешни практики и канали за климатска акција
Покана – Работилница за идентификување на успешни практики и канали за климатска акција

Во рамки на подготовката на Стратегијата за комуникација на климатска акција до 2030-та година од име на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за развој на Обединетите Нации, СП ФИНКИ и Колектив Зет, Ве покануваме на кратка работилница на која заеднички ќе се обидеме да ги идентификуваме успешните практики за комуникација на климатска акција од страна на различни засегнати актери во сферата, како и успешните практики и конкретни канали и медиуми за комуникација од страна на МЖСПП кон секоја од засегнатите страни.

Работилницата ќе се одржи онлјан, преку платформата ZOOM на 22-ри декември (среда), од 12 до 14:00 часот.

Во изминатиот период тимот работеше на мапирање на добри практики во поглед на комуницирање на климатската акција во земјата и пред да поминиме на дефинирање на стратегијата би сакале уште еднаш заеднички да ги продискутираме наодите и да дефинираме јасни комуникациски принципи и начини на комуникација.

На работилиницата се очекува учество да земат актери од јавниот, приватниот, граѓанскиот и образовниот сектор.

 Агендата на работилницата е следната:

12:00 - 12:10 Добредојде и цел на работилницата

12:10 - 12:15 Поделба во групи според актери

12:15 - 12:20 Споделување на досегашни сознанија

12:20 - 13:20 Работа во групи 

13:20 - 13:50 Споделување на клучни поенти од страна на секоја група

13:50 - 14:00 Затворање на работилницата

Би Ве замолиле да регистрирате барем еден претставник од страна на Вашата организација/институција на овој Zoom линк најдоцна до 20-ти декември (понеделник). Регистрираните автоматски ќе добијат линк за приклучување на работилницата. 

Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте не’:

Контакт лице: Ена Утевска
Тел: 078 243 723